X
 22.11.2019 Живот

Во јапонски хотел може да изнајмите соба за 1 долар. Но, постои услов

Новата „вирална“ соба број 8 во хотелот „Аши Рјокан“ во Фукуока, крајбрежен град во Јапонија, може да се изнајми за само 1 долар. Но, постои услов.

Гостите што ќе престојуваат во оваа соба мора да прифатат да бидат постојано снимани, сè што прават во собата, освен ако имаат секс.

Сопственикот Тетсјуа Иноуе објаснува дека постојат ограничувања во врска со тоа како функционираат живите стриминзи. Тој вели дека видеото нема звук за гостите да имаат приватност во нивните разговори или телефонски повици. Неговиот јутјуб-канал се нарекува „One Dollar Hotel“.

Гостите смеат да ги исклучат светлата и единствено во бањата нема камера.

- Младите луѓе денес воопшто не се грижат за нивната приватност. За некои од нив е во ред да бидат гледани само еден ден - вели тој.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот