X
 25.10.2020 Култура

Национални симболи: Птици што ги претставуваат своите држави

Пред околу дваесет години јапонското орнитолошко друштво одлучи да избере национална птица во својата земја. Имаше неколку кандидати, како бел гулаб и полска чучулига. Како и да е, јапонскиот зелен фазан „Phasianus versicolor“ е избран поради својата елеганција, живеење во близина на човечки живеалишта, честото споменување во јапонските народни приказни и вкусното месо.

1
Јапонски зелен фазан

Според податоците од организацијата „Брдлајф интернешнл“, околу 90 земји во светот имаат свои национални птици. Како што пишува Адријан Лонг во билтенот на оваа организација, националните птици се симболи на заеднички вредности, кои се карактеристични за една земја и кои сме должни да ги штитиме.

орел
Белоглав орел

Првата и најпозната национална птица е американскиот белоглав орел од САД. Тогашната новосоздадена држава во 1782 година официјално го прифати овој вид птица како свој симбол. Можеби бил потребен силен симбол за обединување на новата нација.

Велика Британија, како многу постара земја, до неодамна немаше национална птица - изборот за ваква птица бил спроведен во 2015 година, а за него гласале повеќе од 220.000 луѓе. Најмногу гласови добила црвеногушката, па била прогласена за национална птица на Велика Британија.

1
Црвеногушка

Се чини дека при изборот на национална птица постојат некои тенденции што зависат од областа. Ќе забележите дека жеравите се симболи на голем број африкански земји, како јужноафриканскиот крунест жерав во Нигерија, јужноафриканскиот кралски жерав во Уганда и синиот жерав во Јужноафриканската Република. Фазаните високо котираат меѓу азиските национални птици. Паунот во Индија, сијамскиот фазан во Тајланд, а хималајскиот монал во Непал. Покрај тоа, четири држави по должината на јужноамериканските Анди го избраа андискиот кондор за своја национална птица.

птици
Син жерав, јужноафрикански крунест жерав и јужноафрикански кралски жерав


Извор: Nationalgreographic.rs
Фотографии: Wikimedia Commons
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура