Молдавија е најсиромашната држава во Европа која сè уште е заробена во конфликт кој започнал во деведесеттите години. И покрај таквата тешка ситуација во земјата, поединци се доста богати, а еден меѓу нив е и Анатол Стати. Сопственикот на најголемата нафтена компанија во Молдавија е истовремено и најбогатиот човек во Молдавија со проценета вредност од 1 милијарда долари.
Неговиот син, Габриел, исто така се наоѓа меѓу најбогатите Молдавци. Некои проценки велат дека неговото богатство изнесува 75 милиони долари. Интересно е тоа што Габриел Стати едно време ја вршел функцијата на заменик директор на „Ascom Group“, најголемата нафтена компанија, сè до 2007 година. Тогаш одлучил да заплива во политичките води, а во 2009 година бил обвинет за организирање на немири. Тој побегнал во Украина, веројатно надевајќи се дека ќе го заштити Виктор Јанукович, меѓутоа од тоа не испаднало ништо.
Властите на Молдавија на почетокот на април 2009 година побарале негова екстрадиција. Габриел заедно со шефот на безбедноста на неговата компанија биле уапсени во Украина под обвинение за обид за соборување на молдавската власт. Габриел бил осуден само на 30 дена домашен притвор, додека шефот на безбедноста останал во затвор. До есента истата година, биле отфрлени сите обвинувања покренати против нив.
На парламентарните избори наредната година, Габриел се обидел да се кандидирал, меѓутоа освоил помалку од 2% од гласовите.
Со излегувањето на „Panama Leaks“ во документите е откриено дека Стати има 50-тина офшор компании преку кои ги префрла парите заработени со експлоатација на нафта.
Неодамна се преселил во вистински дворец од бајките. Главната зграда има површина од 800 квадратни мерки, додека другата зграда има „само“ 464 квадратни метри.
Освен тоа, во комплексот се наоѓа и тениско игралиште, базен за пливање, мало езеро и подземна гаража.