X
 09.09.2015 Култура

Реалноста на животот во Северна Кореја

Таа има посетено повеќе од 80 земји низ светот, но Мар Пејџес никогаш не доживеала нешто слично како она што го доживеала во Северна Кореја. Таа поминала една недела во ова тајно кралство.

 

1


34 годишната Пејџ раскажува за тоа каков е животот во местото кадешто се чини дека времето застана.

Како беше организацијата за патувањето?

„Сите патувања во Северна Кореја се придружувани и претходно резервирани. Визата може да биде процесирана откако патувањето е избрано и поврзано со неа. Секоја група има два водичи цело време, плус возач.

Можете да се приклучите на патувањето или да организирате приватна тура. Мојот пријател и јас сами организиравме патување и бевме таму седум дена. На тој начин имавме флексибилност - секако, во рамките на границите, па на тој начин успеавме да видиме многу повеќе и имавме лична интеракција со луѓето.

 

1


Кои беа вашите очекувања, а не испадна дека се вистинити?

„Претходно имав истражувано. Бев прилично добро подготвена и знаев што да очекувам. Сепак, реалноста секогаш ја надминува фантазијата и има работи кои едноставно не можат да се објаснат. Имав и позитивни и негативни изненадувања.

 

2


Она што беше најинтензивно беше постојаното чувство дека некој ве набљудува, дури и тогаш кога не гледавме никој до нас. Тоа создава чувство на страв. Не знаеш зошто, но имаш чувство дека можеби ќе направиш нешто погрешно и ќе исчезнеш поради тоа.

Бевме тивки во поголемиот дел од патувањето, затоа што бевме загрижени дека може да го доведеме нашето патување во опасност или да предизвикаме некаков проблем.

Спротивно од очекувањата, ми беше дозволено да направам стотици фотографии и видеа кои го прикажаа вистинскиот живот во оваа земја. Бевме на многу локации на кои повеќето туристи не биле, стигнавме во длабочината на руралните области далеку од очите на Пјонгјанг.

 

3


„Нашата приватна турнеа ни даде можност да прашуваме се`, но бевме претпазливи поради нашите набљудувачи“.

Кои се некои од најизненадувачките и најинтересните работи кои ги откривте?

„Култот кон лидерите беше нешто што може да се спореди само со советскиот и кинескиот режим и е тешко да се објасни. Имаше доста други чудни работи.

 

4


На пример, ограничен број на облека се правеше, такашто секој изгледаше слично, и имаше 28 одобрени фирзури. Недостатокот на реклами, боја и знаци по улиците даваа доста досадно и сиво чувство, а постојат и продавници наречени „Продавница број 1“, „Пивница број 1“. Се` изгледаше исто во Пјонгјанг.

Истото се случуваше и со храната. Јадевме исти работи во текот на целото патување. Немаше свежо овошје и зеленчук, па оброците се чинеа доста тешки.

 

5


Иако бевме строго изолирани од остатокот од светот, без пристап до телефон или меил, сепак имавме можност да гледаме BBC и Al Jazeera во нашите соби, нешто што не е во ред да се прави.

 

6


„Единствениот пат кога бев навистина исплашена беше моментот кога погледнав во планините, во средината на рурален пат, а бев прилично сигурна дека не треба да бидеме тука. Кога погледнав нагоре здогледав авионски пушки. Возачот сврти на погрешно место и 30 минути возеше во погрешна насока.

Селата беа поубави отколку што мислев. Очекував сиви згради и безживотни конструкции но во селата имаше бујно зеленило, потоци и планини.

 

8


Како изгледа животот за локалното население?

„Можевме да разговараме само со водичите, а тие се привилегирани луѓе. Тие добиваат пристап до истата храна што ја јадат туристите, и припаѓаат на други касти. Тие се добро образовани и не можат да се споредат со просечните Корејци.

Во Пјонгјанг луѓето изгледаат слаби и строги. Имаат сериозен израз и си ја гледаат работата. Имаше малку забава, па во тие прилики луѓето се забавуваа и смееја.

 

9


Видовме како луѓето танцуваат во паркот, играат одбојка, децата трчаат наоколу, луѓето се забавуваат на плажа и чекаат да се возат во забавниот парк.

Но, во руралните средини животот изгледаше тешко. Немаше автомобили и јавен превоз. За да одат до полето или да си одат, треба да патуваат со километри или да возат велосипед.

Старите мажи носат снопови дрва на грб, а жените продаваа јаболка на патиштата за да соберат пари или да направат замена за други предмети.

 

10


Луѓето беа облечени полошо, а нивната облека беше извалкана и постара. Беа многу слаби, но беа пореални.

 

11


Дали изгледаше празно на некои места - дали имаше многу автомобили?

„Има малку автомобили надвор од Пјонгјанг, и патиштата се празни, на некој начин се` изгледа апокалиптично.

 

13


И во градот автомобилите се реткост, но сепак се почести отколку во селата. Луѓето не можат да си дозволат да имаат автомобили. Тие заработуваат 100-200 долари месечно во најдобар случај, а еден автомобил е 10.000 долари.

Автомобилите се за компаниите. Сепак, оние кои постојат се совршено модерни. Јапонски и кинески марки, па дури и европски, а тука се и полуксузни автомобили кои се во сопственост на амбасадите и другите важни личности“.

Каква беше храната?

„Јадевме „бибимбап“ (мешан ориз) и ладна супа од кендли, а имаше и патка на скара со пржено тофу. Кимчи (ферметиран зеленчук)има насекаде, нема оброк без него.

Изненадувачки беше износот на храна што го добивавме. Добивавме два пати од она што можевме да го изедеме. За мене не беше во ред, бидејќи гладот е насекаде низ Кореја.

 

14


Дали се чувствувавте безбедно?

„Да. Земјата е исклучително безбедна и криминалот е ретка работа. Се` додека не направиш нешто што не треба да го направиш, се` е во ред.

 

16


Ако направиш нешто што не треба, како фотографирање на армијата или издвојување од групата, или одење на места сам, тогаш можеш да западниш во неволја и да бидеш депортиран. Прозелитизмот (обидот да конвертирате човек во друга религија) може да ве одведе во затвор. Чувството на страв е повеќе поврзано со тоа да не направите нешто погрешно ненамерно, па бевме претпазливи цело време“.

Дали имаше многу туристи?

 

18


„Ги видовме истите туристи насекаед. Земјата добива 5.000 до 10.000 кинески туристи и околу 5.000 западњаци, а тоа се околу 40 на ден, па беа реткост. Некои од местата за посета се отворени во одредени денови, такашто туристите се собираат во тие денови.

„Сепак, одењето во Северна Кореја не е тешко, потребни се само време и пари. Постојат многу места на кои е потешко да се оди и се доста поскапи“.

Дали имаше популарни туристички места и луксузни хотели?

„Насекаде кадешто одевме бевме туристичко во смисла, беше подгтовено за туристи. Имаше локални водичи кои зборуваа англиски.

Другите области едноставно беа надвор од границите за туристите. Можете да посетите само одобрени места на кои треба да имате резервирано.

 

19


Луксузот не постои. Нашиот хотел имаше едвај 3 ѕвезди и имаше доста тврди душеци. Не мислам дека луѓето одат во Северна Кореја во потрага по луксуз, но она што ќе добиете е адекватно. Имавме удобно мини-комбе, добра соба, комплетна бања, и изобилство храна.

Што ти остави најголем впечаток?

 

20

 

„Беше доста интензивно патување. Ми требаше време да ги процесирам работите и да ги сфатам. Гледањето на фотографии и гледањето на снимки ми помогна да сфатам многу работи кои беа пред моите очи, но не ги видов во тоа време.

Почитта на локалното населени кон „големите лидери“ е реално и е нешто што може тешко да се разбере во денешниот свет. После седум дена, сфатив колку лесно е една земја да биде насочена кон една идеја - ако не слушаш и не гледаш ништо друго, тогаш не знаеш за подобро.

Посетата на оваа земја е како патување назад во времето. Ако светот не еволуираше и не напредуваше во последните 70 години, тогаш би изгледал како Северна Кореја. А концептот е многу чуден.

Кои беа предизвиците и негативните страни?

„Постојаното чувство дека некој те гледа и го следи секој твој чекор, како и комплетниот недостиг на слобода. После една недела, едвај чекав да си одам и да правам што сакам.

Слободата ја земаме здравоза готово, а искуството ме натера да се чувствувам како тоа да е привилегија.

Што би сакала луѓето да знаат за Северна Кореја?

 

21


„Имав голема можност да видам и помалку пожелни сцени во очите на режимот. Исто така, размислував за тоа дека ова е место што е несфатено за секој кој не го посетил и не го видел. Видов многу луѓе кои се забавуваа и смееја, но тоа не значи дека бедата и гладот не постојат и не влијаат врз другите поизолирани делови од општеството.

Во нитуеден момент не видов никој со прекумерна тежина, а тоа доста зборува за реалноста“.

 

22


Други изненадувачки работи:

- „Постојат мегафони околу Пјонгјанг кои свират музика секој ден во 5 часот, 9 часот, 17 часот, 21 часот и на полноќ.

- Сегашниот лидер Ким Јонг Ун воопшто не беше спомнат.

 

23


- Не можете да добиете локална валута Вон, но можете да користите евра, долари и кинески јуани.

- Се сметаше дека Северна Кореја е единственото место кадешто нема Кока Кола. За среќа, сега може да се најде. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура