X
 23.02.2016 Култура

Најдобрите светски плажи според туристите

Плажата Грејс Беј во Карпиското Море е новиот светски хит, кога станува збор за најдобрите плажи, а ранг листата ја направиле самите туристи, корисници на „Trip Advisor“.

 

plaza


После две години на прво место, плажата Баја до Санчо во Бразил, повеќе не се наоѓа на тронот и ја загуби битката со плажата Грејс Беј во Карпиското Море.

Најдобрите светски плажи се избрани врз основа на нивниот квалитет и квантитет на понудата за гости како и оценката на плажите во периодот од една година.

Покрај листата на најдобри плажи, „Trip Advisor“ исто така направи листа и на најмногу наградувани плажи во Велика Британија, Америка, Африка, Австралија, Азија, Карибите, Централна Америка, Јужна Америка, Јужен Пацифик и Европа. За најдобра плажа во Америка е оценета плажата Клирведер на Флорида, додека во Европа најдобрата плажа е Иљетес во Шпанија.  Најдобрата плажа во Азија е Нгпали во Мјанмар. Во продолжение се најдобрите плажи во светот. 

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура