Франција води во пливање, а Германија е на врвот на јавачките спортови по 16 дена полни со спортски настани.
Летните олимписки игри годинава донесоа победници и губитници низ целиот спортски свет. САД водат на врвот на табелата за медали, а Кина и Јапонија се најдоа на второто и третото место во генералниот пласман.
И европските земји имаа свој удел во златни медали, а Франција се најде на првото место, со 16 златни медали.
Во кои спортови Европа освои злато?
Од своите 16 медали, Франција освои четири во пливање. Исто така, веслањето беше успешен спорт за Европа, со што Обединетото Кралство и Холандија освоија три и четири златни медали во оваа дисциплина, а Хрватска и Ирска освоија по еден.
Грузија освои еден од трите златни медали во џудо, додека Данска освои едно злао во ракомет и уште едно во бадминтон.
Германија го забележа својот најдобар резултат во јавање, каде освои четири злата. Италијанскиот тим се пласираше во водени спортови, освојувајќи злато во едрење и пливање. Италијанската женска одбојкарска репрезентација стана првата во земјата која освои злато во својата категорија.
Фото: Screenshot/Euronews
Унгарија освои два златни медали во пливање. Србија освои три златни медали: 1 златен медал во стрелаштво, Ѓоковиќ донесе 1 златен медал во тенис, а српската машка ватерполо репрезентација освои олимписко злато после финалето со репрезентацијата на Хрватска.
Хрватска освои два златни медали: Барбара Матиќ донесе злато во џудо, а хрватските браќа веслачи Мартин и Валент Синковиќ освоија трето олимписко злато.
Јања Гарнбрет освои олимписко злато за Словенија и стана најдобра во спортско качување, а Андреја Лешки го освои второто олимписко злато за Слвоенија во џудо.
Грција освои еден медал: Милтиадис Тентоглу освои злато во скок во далечина.