Сè повеќе влади воведуваат мерки за намалување на емисиите на јаглероден диоксид. Во многу места властите ги охрабруваат луѓето да не ги користат автомобилите и да ги заменат со велосипеди. Но, кои градови се најдобри за велосипедистите?
Поголемиот дел од нив се наоѓаат во Европа, покажуваат податоци од овогодишното рангирање „Глобален индекс на велосипедски градови“. Зад рангирањето стои компанијата за дигитално осигурување „Луко“.
Во рангирањето биле анализирани 90 града од целиот свет кои биле оценети според повеќе фактори поврзани со условите за возење велосипед.
Фото: Pixabay
На врвот се наоѓа Утрехт, Холандија. Овој град добил високи оцени за инфраструктурата за велосипеди, но и за временските услови. Над половина од населението, или поточно 51 отсто користат велосипеди секојдневно.
На листата со најдобри градови за велосипедисти доминираат европски градови.
Најдобри 10 града во светот за возење велосипед
1. Утрехт, Холандија
2. Минстер, Германија
3. Антверпен, Белгија
4. Копенхаген, Данска
5. Амстердам, Холандија
6. Малме, Шведска
7. Хангџоу, Кина
8. Берн, Швајцарија
9. Бремен, Германија
10. Хановер, Германија
Извор:
Euronews
Насловна фотографија: Pixabay