Како да дознаете дека некој ве лаже?
Треба да обрнете внимание на неговиот говор на телото, експерсии на лицето и говорот, вели Лилијан Глас, аналитичар за однесувањето и јазикот на телото. Лилијан работела заедно со ФБИ за разоткривање сигнали за измама.
Во нејзината книга „The body language of liars“ открива осум знаци што треба да ги побарате кога мислите дека некој лаже.
1 Ја менува позицијата на главата за брзо време
Доколку видите некој да направи нагло движење кога ќе го му поставите директно прашање, тогаш тој можеби ве лаже за нешто.
„Главата ќе биде повлечена или наведната на едната страна“, пишува Глас. Ова се случува пред личноста да одговори на прашањето.
2. Стои многу мирно
Се знае дека луѓето мрдаат кога се нервозни, но Глас вели дека исто така треба да внимавате на луѓето што воопшто не мрдаат.
- Ова можеби повеќе е знак за примитивната невролошка „борба“ отколку за „борбата“ за одговор, како што телото се сместува и се подготвува за можна конфронтација“, вели Глас.
3. Инстинктивно ги покрива ранливите делови од телото
Ова може да вклучува области како што се вратот, градите или стомакот.
„Често пати ова го имам забележано во судница кога работам како консултант на адвокатите. Секогаш можам да кажам дали сведочењето на некој го погодило обвинетиот, кога ќе видам дека неговата рака го прекрива предниот дел од неговиот/нејзиниот врат“, вели Глас.
4. Ја покрива устата
„Знак дека некој лаже е кога автоматски ќе ги постави своите раце преку устата кога не сака да се справи со тоа прашање или да одговори на прашање. Кога возрасните ги ставаат своите раце врз устата, тоа значи дека не откриваат сè“, вели Глас.
5. Тешко му е да зборува
„Дали некогаш сте гледале снимено испрашување од некој осомничен што бил виновен? Доколку имате можност, обидете се да забележите дека на тој човек ќе му стане навистина тешко да зборува. Ова се случува бидејќи автоматскиот нервен систем го намалува протокот на крвта при стрес.
6. Зјапа во вас без да трепне
Кога луѓето лажат, често знаат да го прекинат контактот со очите, меѓутоа, лажгото може да оди дотаму што ќе воспостави контакт со очите во обид да ги исконтролира и изманипулира луѓето.
7. Дава премногу информации
„Кога некој постојано зборува и ви дава премногу информации - информации кои не се побарани и се непотребни - постои голема веројатност да не ја кажува вистината.
8. Се обидува да ја промени ситуацијата
„Кога лажгото станува непријателски расположен и игра дефанзивно, тој се обидува да ја промени ситуацијата. Лажгото ќе биде непријателски расположен бидејќи ќе биде лут што сте ги откриле неговите детали.