X
 27.10.2016 Живот

Три ситуации во кои секој човек би лажел

Склони сме да веруваме дека карактерот е главната одредница за тоа дали луѓето лажат или не. Меѓутоа, истражувањата покажале дека карактерот не е главниот виновник за лажење, туку ситуацијата во која се наоѓаме. Значи и најискрените луѓе во одредени случаи би лажеле и би ги скршиле правилата. Дознајте кои се 3-те причини зошто и најискрените луѓе понекогаш лажат.

1. Личност која е креативна

Едно истражување сакаше да открие дали луѓето со повисок коефициент на интелигенција се склони кон лажење. Тие откриле дека умот нема никаква врска со искреноста, но дека креативноста има. Кога на вработените од компаниите за рекламирање им биле поставени етички дилеми, беше откриено дека меѓу „copywriter“ односно авторите на рекламните текстови и графичките дизајнери, биле најмногу оние кои биле подготвени да лажат. Колку личноста е покреативна, толку и е полесно да смисли измислена приказна и да ја прераскаже што се случило во ситуацијата која била невистинита. Исто така било откриено дека работа во организации кои ја нагласуваат иновативноста и оригиналноста може да ја зголеми тенденцијата на лажење.

2. Лице што има моќ

Луѓето кои имаат моќ често ги кршат правилата и лажат, односно лицето кое ги крши правилата на другите, може да се смета за моќна, токму поради тоа што си дозволува вакви постапки. Експертите истакнуваат дека во умерен степен, кршењето на правилата е всушност здраво. Тоа е докажано од страна на истражувања кои покажувале дека кај испитаниците кои се во периодот на адолесценција, постои склоност кон тенденција на кршење на правилата (не се враќаат дома на време по вечерните излегувања и слично) биле најповеќе оние кои станале претприемачи.

3. Лица кои имаат материјално богатство

Истражувањата покажале дека луѓето кои заработуваат повеќе се склони кон кршење на правилата на луѓето кои заработуваат помалку. На пример, луѓето кои заработуваат помалку, често стојат како пешаци на пешачки премин, отколку луѓето со подобри приходи. Се покажа дека дури и луѓето кои често ризикуваат (што е еден од начините за богатење) може да станат ирационални, несовесни и безмилосни, што за возврат може да доведе до „етичка вкочанетост".
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот