X
 25.12.2019 Живот

Ограбил банка, па ги фрлал парите во воздух и викал: „Среќен Божиќ!“

Маж со бела брада и мустаќи ограбил банка во Колорадо Спрингс и потоа почнал да ги фрла парите во воздух посакувајќи им на минувачите „Среќен Божиќ“.

Полицијата соопшти дека „постар белец“ ја ограбил банката Академи два дена пред Божиќ, во понеделникот, на паузата за ручек.

Очевидци изјавија дека ограбил банка, излегол на улица и почнал да фрла пари во воздухот, извикувајќи: „Среќен Божиќ!“

Мажот потоа отишол во блиското кафуле „Старбакс“, седнал пред него и го чекал своето апсење.

Би-би-си наведува дека минувачите ги собрале парите од улицата и ги вратиле во банка.

Полицијата во Колорадо Спрингс го идентификува осомничениот како Вејн Оливер (65) и рече дека нема индиции дека тој имал помошници.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот