Во последниве години „Комерцбанк“ се фокусираше на штедење и отпуштања. Сега се движи во нов правец и во следните десет години ќе треба да прими 20.000 работници
По долгогодишно реструктурирање и отпуштања, на „Комерцбанк“ во Германија ќе ѝ требаат речиси 20.000 нови работници до 2034 година.
- Ќе биде тешко да се најде доволно кадар на сегашниот пазар на труд - вели локалниот менаџер, кој во компанијата работи од јануари годинава.
Во Источна Европа банките веќе им исплаќаат бонуси на новите работници од 1.000 до 3.000 евра, а во Германија бонусот за секој нов работник е 1.500 евра.
Директорот за човечки ресурси на банката истакна дека за десет години ќе заминат бејби-бумерите кои моментално работат во компанијата. Со природната флуктуација која ќе се зголеми, тие секоја година ќе треба да вработуваат по околу 2.000 нови вработени. Околу половина во Германија, а другите на локации во странство.
- Тоа е единствениот начин на кој можеме да го одржиме планираниот број на работни места со полно работно време - изјави директорот за човечки ресурси.
Од 2008 година и преземањето на пропадната банка „Дрезднер“, оваа компанија првенствено се фокусирала на штедење и отпуштање. Сега се движи во нов правец.
- Мораме да привлечеме многу луѓе кои се на пазарот на трудот и тоа со голема брзина - рече директорот за човечки ресурси.
Извор:
Danas.hr
Фото: Freepik