X
 21.05.2016 Живот

Лекција по менаџмент: "Ограбување на банка"

banka

 

За време на ограбување на банка, крадецот им викал на сите во банката: „Не мрдајте. Парите ѝ припаѓаат на државата. Животот ви припаѓа вам“. И сите во банката лежеле на подот мирно.


Ова се нарекува „Концепт на менување на умот“ односно промена на конвенционалниот начин на размислување.

Кога една жена легнала на масата провокативно, крадецот започнал да ѝ вика: „Ве молам бидете цивилизирани! Ова е грабеж, а не силување!“

Ова се нарекува „Да се биде професионалец“. Фокусот е само на она кое сте обучени да го направите.

Кога крадците се вратиле дома, младиот крадец (кој немал никакво образование) му рекол на постариот крадец (кој имал осмо одделение): „Ајде да ги изброиме парите и да видиме колку украдовме“. Постариот крадец му рекол: „Колку си глупав. Има многу пари, такашто ќе ни биде потребно долго време да ги изброиме. Вечерва на вестите ќе кажат колку ограбивме од банката“.

Ова се нарекува „Искуство“. Денес искуството е поважно од дипломата.

Откако си заминале крадците, менаџерот на банката му рекол на супервизорот да се јави во полиција. Но супервизорот му рекол: „Чекај. Ајде да земеме 10 милиони долари од банката и да ги додадеме на тие 70 милиони кои претходно ги проневеривме од банката“.

Ова се нарекува „Пливање со плимата“ - Претворање на неповолна состојба во сопствена корист.

Супервизорот му рекол: „Би било добро ако имаше кражба секој месец“.

Ова се нарекува „Убивање на досадата“. Личната среќа е многу поважна од вашата работа.

Следниот ден, вестите известија дека 100 милиони долари биле украдени од банката. Ограбувачите броеле и броеле и броеле, меѓутоа изброиле само 20 милиони. „Го ризикувавме животот за да украдеме само 20 милиони. Менаџерот на банката украде 80 милиони не правејќи ништо. Се чини дека е подобро да се биде образуван отколку да се биде крадец“.

Ова се нарекува „Знаењето вреди колку што вреди златото!“

Раководителот на банката беше и повеќе од задоволен затоа што неговите загуби на пазарот се покриени со овој грабеж.

Ова се нарекува „Користење на можноста“. Преземете го ризикот!

Кој се вистинските крадци тука?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот