X
 25.12.2019 Наука

Зошто Никола Тесла бил опседнат со пирамидите?

Научникот Никола Тесла верувал дека пирамидите служат за повисока цел и тој ги истражувал во текот на целиот живот. Што го привлекувало толку многу во врска со нив?

Без изумот на Никола Тесла светот денес би бил незамисливо место. Тесла е заслужен за клучни идеи поради кои денес имаме паметни телефони, безжичен интернет, електрична енергија и многу повеќе. Покрај идејата што Тесла ја реализирал и патентирал, имал и многу други интереси во различни области на истражување, од кои некои биле прилично езотерични.

Една од најнеобичните била неговата преокупација со египетските пирамиди.

Тесла се прашувал дали пирамидите се големи енергетски предаватели - и таа мисла се совпаднала со неговиот проект за безжична трансмисија на енергијата. Тесла во 1905 година во САД поднел патент наречен „Уметноста на пренесување електрична енергија на природните медиуми“, во кој се наведени проекти за серија генератори низ светот кои би се приклучиле на јоносферата за собирање енергија.

Самата Земја, со двата пола, ја набљудувал како џиновски електричен генератор на неограничена енергија. Дизајнот во форма на триаголник станал познат и како електромагнетна пирамида на Тесла. Клучни се формата и позицијата на египетските пирамиди. Тесла изградил кула позната како Експериментална станица на Тесла во Колорадо Спринг, како и кулата Ворденклиф или кулата на Тесла на Источниот Брег, за која сакал да го искористи енергетското поле на Земјата.

tesla
Фото: N.N.


Локациите биле избрани според истите закони според кои се граделе пирамидите на Гиза. Дизајнот бил наменет за безжичен трансфер на енергија.

Клучни за универзумот: 3, 6, 9


Другиот аспект на размислувањето на Тесла бил поврзан со нумерологијата. Според многу извештаи, Тесла бил необична личност, со опсесивни карактерни особини.

Една таква опсесија му била со броевите 3, 6 и 9, за кои верувал дека се клуч за универзумот. Се возел околу зградата трипати пред да влезе и престојувал во хотели со броеви што можеле да се поделат со 3. Носел одлуки во група од 3 лица.

Некои веруваат дека опсесијата на Тесла со овие броеви е поврзана со неговата склоност кон пирамидалните форми и со неговото верување дека постои основен математички закон и дијаметри што се дел од универзалниот математички јазик.

Мистеријата за изградба на пирамидите сè уште не е откриена. Причината зошто биле изградени пирамидите поттикнува разни теории, а најинтригантни тези се тие дека пирамидите можат да произведат енергија и дека се код на древните цивилизации.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука