Филмот „The Current War“ (Војна за струја) е за „војната“ меѓу Томас Едисон (кого го игра Бенедикт Камбербач) и Џорџ Вестингхаус (кого го игра Мајкл Шенон), во која победник ќе биде оној чиј систем на електрична енергија ќе го движи современиот свет. Третиот играч во целата приказна е Никола Тесла, чиј лик му е доверен на англискиот актер Николас Хоулт.
Можеби ќе ве збуни фактот дека филмот премиерно е прикажан уште во 2017 година на филмскиот фестивал во Торонто. Каде се криел сето ова време? Одговорот се состои во само едно име: Харви Вајнштајн.
„The Current War“ е еден од филмовите кои беа ставени на стаклени нозе кога почнаа да излегуваат на виделина обвиненијата за сексуално злоставување и вознемирување на сметка на еден од дотогаш најголемите филмски продуценти во Холивуд.
Обвиненијата (кои тој ги негираше) ја однесоа компанијата на Вајнштајн во банкрот, а филмот остана да собира прашина на некоја полица. И таму остана две години.
Инаку, Вајнштајн имаше репутација на човек кој прилично сакал да влијае на монтажата на филмовите продуцирани од неговата компанија. Поради тоа од верзијата на филмот која во 2017 година била прикажана во Торонто не бил задоволен ни режисерот Алфонсо Гомез-Рехон.
Меѓутоа, на почетокот од годинава на помош доаѓа компанијата „101 Студиос“, која за три милиони долари ги откупила сите права на филмот.
За тоа што филмот немаше речиси никаков публицитет и што речиси никој и не слушнал за него, најверојатно се одговорни прилично слабите оценки кои ги доби на ТИФФ (влијателна интернет страница за филмови).
Но, сега Гомез-Рехон доби нова шанса, па се врати на монтажерското столче. Режисерот додал пет сцени, истовреено скратувајќи ја првобитната должина за 10 минути. А порди тоа што филмот веќе нема никаква врска со Вајнштајн, на тимот му се приклучи добро познатиот Мартин Скорсезе, под чиј патронат Гомез-Рехон ја комплетираше новата верзија на филмот.
Делото кон крајот на месецов ќе пристигне во британските, а на есен во американските
кина.