X
 06.01.2018 Култура

Денеска е Бадник - Кој што спие нека стане...

Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
со четири јајца
гускини, шаткини.
Денес е Коледе,
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви купам зеље
да месите пита
да јадете сите.
Коледееееееееее…


Денес е Бадник, денот пред еден од најголемите празници во православието Божик. Бадник е празник кој го менува денот, а датумот не. Тоа е денот кога се очекува и прославува најубавата вест за Христовото раѓање.



На овој ден, уште во зорите се слуша гласот на коледарите, кои ја соопштуваат веста за раѓањето на Исус Христос.

По обичај на коледарите пеат коледарски песни и им се даваат ореви, јаболка, круши, костени, бомбони, смокви.

За време на деновите пред и по Христовото раѓање секој христијанин е духовно исполнет.

Бадник е празник кој се традиционално се прославува во кругот на семејството. За овој празник треба да се водиме од онаа народната „Кај и да си пред Божик зад Божик, дома да си“.

На овој ден сите треба да бидат во своите домови со најблиските. Според традицијата, вечерта целото семејство се собира околу посната бадниковата трпеза. Со овој празник завршуваат божиќни пости. Се приготвува тавче-гравче, риба, посна сарма се меси лепче и други посни јадења.

Лепчето се крши и се разделува на членовите на семејството, едно парче за Господ и за куќата. Кај кого ќе се падне паричката во таа година ќе има среќа.

По завршената вечерата храната останува нераскрената, затоа што се верува дека и Господ ќе вечера.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура