НАСА фотографира вселенска „божиќна елка“

НАСА фотографира вселенска „божиќна елка“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Ѕвездена група наречена НГЦ 2264, која се наоѓа во соѕвездието Еднорог, деновиве е популарна поради фотографија од неа. Таа се наоѓа на оддалеченост од 2.500 светлосни години од Земјата.


Фото: NASA

Американската вселенска агенција НАСА објави фотографија од ѕвездената група на која ѕвездите изгледаат како божиќна елка. Во групата има десетици ѕвезди со различна маса.

Младите ѕвезди се со бела и сина боја, а биле направени со обработка на фотографии направени со помош на х-зраци.

Извор: Bug
Насловна фотографија: NASA