X
 06.03.2019 Образование

Таванот во тоалетите во „Стив“ паднал поради лоша реконструкција

Државниот студентски дом „Скопје“ соопшти дека освен материјална штета на санитаријата, нема повредени при паѓањето на таваните во два тоалета во домот „Стив Наумов“ вчеравечер.
Оттаму информираа дека се работи на поправка и тоалетите ќе бидат ставени во функција во текот на денов, нагласувајќи дека инцидентот е последица на неквалитетна реконструкција на тоалетите направена од претходното раководство на домот.



- Од утрово ангажирани екипи веќе работат на санација на плафоните во двата тоалета и во текот на денот тие ќе бидат санирани и ставени во функција. Паднатиот таван во студентскиот дом „Стив Наумов“ е последица од неквалитетната реконструкција на тоалетите во домот, што е уште еден од низата проблеми кои ги остави претходното раководство - соопшти Државниот студентски дом, додавајќи дека ќе ја разгледа документацијата за извршената преадаптација на тоалетите во „Стив Наумов“, односно кој ја одобрил и на што се должи нискиот квалитет.

Државниот студентски дом најави и дека со германска помош ќе бидат реконструирани сите студентски домови по приоритетна листа и дека за таа намена Министерството за образование и наука веќе издвоило 30 милиони денари.

Видеото со паднатиот таван во тоалетите на домот вчера се појави на социјалните мрежи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование