X
 20.09.2021 Живот

МОН: Во студентските домови има слободни места за бруцошите

Министерството за образование и наука ги потсетува студентите од прва година запишани на јавните и приватните високообразовани институции во државата дека во тек е аплицирањето за место во државните студентски домови и други објекти за студиската 2021/2022 година. Воедно, во соопштението на Министерството се нагласува дека крајниот рок за поднесување на апликациите е 24 септември.
Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк. Студентите кои ги исполнуваат условите пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом.

За бруцошите се предвидени 1.249 места во студентските домови.

Инаку, за слободните места во студентските домови, кои се останати непополнети, пријавувањето ќе продолжи сè до нивното пополнување, но не подоцна од 15 ноември оваа година.

Согласно информациите по објавата на резултатите од аплицирањето на студентите од втора и повисоките години на студии, останати слободни места има во студентскиот дом „Пелагонија“ (300), во „Кузман Јосифовски – Питу“ (30), „Томе Стефановски – Сениќ“ (110) и во третата зграда во „Стив Наумов“ (300).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот