Во животот е добро да се држите до високи морални вредности и тоа допринесува за квалитетот на животот, но со динамиката на живеење и стресот со кој се соочувате често е речиси невозможно.
Постојат неколку
принципи на самураите кои се применливи во секојдневниот живот и кои може да ви помогнат кога се справувате со предизвици. Овие средновековни јапонски војници имаат непишан кодекс на однесување познат како Бушидо, а принципите се неверојатно важни за денешницата:
Праведност и правда
Бушидо се однесува на личната правда, што е поврзана со тоа што извршува акции кои се поврзани со праведен живот. Еден самурај го дефинира на следниот начин:
„Праведноста е коската што дава цврстина и статус. Без коската главата не може да застане на врвот на ‘рбетот, ниту да ги движи рацете или да стои на нозе. Без праведност ниту еден талент или учење не може да ја направи човечката рамка самурај.“
Фото: Pixabay
Храброст
Храброста се случува кога делувањата на човекот се храбри и извршени со причина да се биде праведен и чесен. Како што вели Конфучие:
„Да се прима она што е точно и да не се применува, открива недостиг на храброст“. Накратко, ‘Храброста е да се прави она што е точно.“
Благонаклонетост или сочувство
И Конфучие и Менг-це рекле дека најголемото барање од владетел е благонаклоност, што се однесува на покажување љубов, грациозност, љубов за другите, сочувство и сожалување.
Љубезност и почит
Учтивоста и добрите манири биле забележани од секој странски турист во Јапонија. Но, тоа е квалитет кој одговоара на секој кој сака да живее доблесно.
Чесност и искреност
Кога војниците велат дека ќе извршуваат акција, ништо нема да ги спречи да го сторат тоа за кое зборувале. Тие нема потреба да даваат „чесен“ збор затоа што зборувањето и делувањето се исти акции.
Чест
Има само еден судија на карактерот на самураи: тој самиот. Одлуките што ги носат и активностите кои ги извршуваат се рефлексија на тоа кои се тие самите.
Лојалност
Војниците се одговорни за сѐ што направиле и сѐ што кажале, а и сите последици што следат. Тие се целосно лојални на оние за кои се грижат.
Карактер и Самоконтрола
Бушидо учи дека самураи би требало да е абсолутно морален стандард, кој трансцедира логика. Она што е точно е точно, она што е неточно е неточно. Најважниот квалитет на самурајот е карактерот, наместо други квалитети како интелигенцијата. Интелектот е почитуван, но карактерот е од суштинска важност за некој од акција.
Во хаотичниот свет во кој живееме денес, е прашање колку овие правила би можеле да бидат применливи, но уште поважно за дискусија е прашањето зошто не почнеме да ги применуваме.