X
 14.01.2018 Образование

Старомодни принципи на подучување што треба да ги негува секој наставник

ucenje
Фото: Getty

Кога имате повеќе од 40 години и кога предавате веќе неколку децении, повеќе не сте еден од младите, модерни наставници кои штотуку излегле од факултет.

Одвреме-навреме се трудам да поработам на моите референции од поп-културата за да останам релевантен за моите ученици. Исто така, ја применувам модерната технологија кога можам бидејќи со тоа заштедувам многу време.

Сепак, сè уште постојат некои подрачја во кои и понатаму повеќе ги применувам добрите стари техники на подучување. Со сите модерни уреди и бескрајна технологија што ни е достапна, и понатаму повеќе верувам во овие старомодни стратегии и методи.

1. Ништо подобро од комуникацијата лице в лице


Кога на моите ученици ќе им испратам е-пошта, под секој мој одговор пишува: „Ве молам, побарајте ме утре за да можеме во живо да поразговараме за тоа“. Тешко е да се прочита нечиј тон по е-пошта или порака. Исто така, лесно е да се заборави дека зборувате со друго човечко суштество. Наставниците секогаш треба да ја истакнуваат важноста на човечката интеракција.

2. Постои нешто во поправките со пенкало


Не постои замена за испечатените страници. Откако ќе ја напишам завршната верзија на некој текст, едноставно морам да престанам да пребарувам горе-долу по дигиталната страница. Верувам дека учениците треба да имаат можност да ја стават страницата од текстот на маса или на клупа во паркот или на под и да ја погледнат цела. Често технологијата станува синоним за заштеда на времето, но учениците уредуваат и ревидираат повнимателно кога се присилени малку да забават и да работат на добрата стара хартија.

3. Забраната на мобилни телефони може да помогне во учењето


Ги сфаќам причините за употреба на мобилен телефон во училницата, но во просечен училиштен ден мобилните уреди не би требало да бидат дел од наставата. Тие се пречка што го одвлекува вниманието на учениците и не им дозволува да се сконцентрираат на материјалот. Постојат голем број достапни истражувања што го поддржуваат аргументот дека конзистентното, фокусирано размислување е интегрален дел од креативниот и академскиот процес.

4. Сè уште верувам во читањето наглас

Морам да признам, иако ја гледам важноста на читањето наглас, мразам кога наставниците ги тераат децата што имаат тешкотии во читањето правилно да читаат наглас пред нивните врсници. Толку многу наставници читаат прекрасно и имаат прекрасен глас, што навистина може да оживеат некоја приказна. Читањето пред класот може да биде време во кое учениците со тешкотии во читањето може да се одморат и да слушнат како може да звучи приказната.

5. Дисциплината на строга љубов има свое место и време


Ова можеби е најстарата метода од сите. Признавам, по само две недели од започнувањето на школската година успеав да расплачам еден ученик. Не сакав да повредам ничии чувства, но некои од тие деца се пораснати во изолирани совршени балони што досега ги штителе од неуспех. Тоа не може да биде здраво и тоа сигурно не ги подготвува за совладување препреки со кои сите ние, порано или подоцна, ќе бидеме соочени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование