X
 07.07.2020 Живот

Совети што ќе ви помогнат полесно да се приспособите и да напредувате во тешки времиња

Во текот на животот се соочуваме со различни предизвици. Некои од нив се едноставни за надминување, а некои потешки.

Без оглед на ситуацијата, ефикасното приспособување може да ви помогне полесно да се движите низ промените. Еве како да се приспособите во текот на тешките времиња.

1. Зголемете го вашиот капацитет


При зголемена неизвесност, некои од аспектите што всушност ни помагаат да се справиме со стресни ситуации, како што се здравата исхрана, вежбањето и спиењето, може да бидат првите од кои ќе се откажеме.

Без оглед дали тоа е стрес или јадење за утеха, секој аспект на вашата благосостојба е особено важен кога се соочувате со предизвикувачка ситуација. Размислете за тоа како може да се зголеми вашиот физички, емоционален и ментален капацитет во овие времиња. Поставете специфично време за вежбање, испланирајте ги вашите оброци, одредете период кога ќе се оддалечите од технологијата и фокусирајте се од негативното на позитивното.

Постојат бесконечни можности. Бидете сигурни дека вашите дневни активности ќе се усогласат со зголемувањето на вашиот капацитет да се справите со неизвесноста.

2. Подобрете ја флексибилноста


Приспособувањето кон промените бара високо ниво на флексибилност. Без флексибилност ќе посакувате работите да бидат поинакви, борејќи се да се справите со предизвиците. Еден начин за подобрување на флексибилноста е да ги испланирате најдобрите и најлошите сценарија заедно со тоа како ќе се справите со секоја ситуација.

Иако многу од овие сценарија нема да бидат идеални и повеќето никогаш нема да се исполнат, ако знаете како да се справите со нив, тогаш ќе бидете проактивни и ќе го намалите стравот.

успех
Фото: Pixabay

3. Усовршете нови вештини


Кои вештини сакате да ги усовршите? Можеби станува збор за комуникацијата во вашата врска или водењето ефикасен тим додека работите на далечина. Можеби сакате да ги усовршите изборите што ги носите.

Ако имате јасност за ова, дури и во време на криза, дури и во лош период од вашиот живот, ќе излезете посилни, помудри и подобро опремени за профитирање од идните можности. Кога ќе се соочите со предизвикувачка ситуација во животот, изберете 2-3 работи во кои ќе се усовршите. Потоа посветете го времето на совладување на тие вештини, како што минувате низ тој предизвик.

4. Негувајте ја вашата креативност


Целиот раст се случува надвор од вашата зона на удобноста. Исто така, тука живее и креативноста и иновативноста. Но, со толку многу неизвесности што се случуваат во светот, стравот честопати може да влезе во нашите животи и да ја преземе контролата.

Наоѓањето време за креативно и иновативно размислување е од суштинско значење во овие времиња на неизвесност, затоа што, за да се приспособите и да ги надминете предизвиците со кои се соочувате, потребно ви е решение што допрва треба да го измислите. А доколку веќе го имате решението, нема да имате проблем.

За да го направите ова, секоја недела, посветете време за креативност и иновации.

Потоа, почнете со прашањето: „Што ако?“, кое ќе ја предизвика вашата љубопитност. На пример: „Што ако постои начин да ја зголемиме продажбата за 10 отсто без да ги зголемиме трошоците?“ Или: „Што ако имав ефикасен начин со кој ќе ги балансирам моите приоритети сега кога работам од дома?“

5. Следете го вашиот напредок


Она што може да се измери, може и да се управува со него. Без оглед дали се тоа вашите цели на работа, личните финансии дома или здравствените цели и благосостојбата, ако имате начин за следење на напредокот, тоа ќе ви помогне да дадете објективни повратни информации за тоа дали сте на пат да ги реализирате вашите цели.

Одлучете колку често ќе го следите вашиот напредок и измислете начин за лесно пријавување на тој напредок. Постојано поставувајте ги овие прашања:

1. Што функционираше добро?
2. Што не функционираше? Што беше предизвик?
3. Што ќе преземам во врска со тоа/ што ќе направиме различно?
4. Со што ми е потребна помош?

Овие прашања ќе дадат јасност која ви е потребна во овој период.

Автор: Камерон Браун
Извор: Good News Network
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот