Каролин Веб, економист, тренер за лидерство и автор, им помогнала на стотици организации да бидат поефикасни преку психологија, неврологија и економија на однесувањето. Таа дава совети и за тоа како луѓето да бидат подобри во креирањето меѓусебни врски, во социјални ситуации.
Важно е да се знае што се случува во нашиот ум. Веб вели дека имаме мозок од два системи – намерен и автоматски. Последното е потсвесно во голема мера и е она што нормално го користиме во конверзација. Намерниот систем е оној што ја менува играта ако знаеме како да пристапиме.
Треба да се знае дека намерниот систем е интелигентен, но има ограничувања. Може да процесира одредена количина на информации во одредено време. Постојано и потсвесно филтрираме огромна количина од сето она што е околу нас за да се фокусираме на малку свесно внимание упатено кон неколку работи. Тоа значи дека постојано пропуштаме сигнали и работи што се случуваат околу нас. Не го знаеме она што не го знаеме.
Приоритет треба да биде отстранувањето на стереотипите и предрасудите, а постојат и 3 клучни моменти за да бидете интересни во одредена конверзација.
1. Бидете заинтересирани за другото лице
Веб смета дека треба да бидеме одлучни дека сакаме да пронајдеме нешто интересно кај другото лице, нешто за кое можеме да поставуваме прашања. Ова значи да се активира љубопитноста. Студии покажале дека љубопитните луѓе имаат подобри врски, подобро се поврзуваат и повеќе уживаат во социјализирањето. А, другите луѓе, пак, полесно се привлечени од ваквите индивидуи.
2. Фокусирање на наградите, а не на заканите
Веб вели дека едно ограничување во мозокот е дека константно ја анализирате непосредната околина за награди, ако откриете можни закани од кои ќе се браните. Кога умот е фокусиран само на заканите, тогаш во моментот искусувате негативен стрес, што ве прави помалку паметни и интересни. Ако сте нервозни, таа препорачува да бидете одлучни во пронаоѓањето нешто фасцинантно во разговорот.
3. Поставувајте вистински прашања
Вистина е дека луѓето сакаат да зборуваат за себе. Па оставете ги. Ако го свртите вниманието кон нив и нивната приказна, тогаш автоматски станувате интересни за нив. Тоа е така затоа што вашето покажување на интерес за нив е како награда. Добиваат впечаток дека сте љубопитни и сте лице со отворен ум. Погрижете се да поставувате квалитетни прашања, а не само колку да ја избегнете тишината.
Со сето ова, вие го тренирате намерниот систем во вашиот ум да биде активен во социјални ситуации. Така, сигурно е дека ќе бидете интересни за останатите и полесно ќе можете да уживате во
разговори со лицата што ве опкружуваат.