X
 26.02.2020 Култура

Нова теорија: Едгар Алан По не се самоубил

Научници од универзитетите во Остин (Тексас, САД) и Ланкастер (Велика Британија), истражувајќи го творештвото на писателот Едгар Алан По, а со помош на современи аналитични методи, тврдат дека ги разоткриле тајните на неговата смрт. Според тоа, тој не се самоубил.

– Мислам дека тој навистина западнал во депресија на крајот од својот живот, но не се самоубил - изјави психологот Рајан Бојд од Универзитетот во Ланкастер.

Експертите ги проучувале расказите и стиховите на писателот, при што установиле дека тој нашироко употребува зборови полни со негативни емоции („лошо“, „тажно“, „зло“) и заменки во прво лице („јас“, „мое“), во време кога преживувал тешки животни настани (на пример – смртта на неговите родители и сопругата).

Претходни проучувања докажаа дека ако со текот на времето таквите јазични обележја само се нагласуваат – тоа е знак дека човекот е блиску до самоубиство. Но во случајот со Алан По научниците откриваат дека тие зборови не се појавуваат во последната година од животот на писателот.

На 3 октомври 1849 година Едгар Алан По е најден во бессознание на улица во Балтимор, Мериленд, САД. Четири дена подоцна тој починал во болница на 40-годишна возраст. Биографите и истражувачите веруваат дека зависноста од алкохол, мозочен тумор, сифилис, дијабетес или друга болест се можните причини за смртта на писателот. За жал, сите записи и документи по тоа прашање се изгубени.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура