X
 08.02.2017 Наука

Како мозокот креира перцептивни предвидувања со текот на времето?

Предвидувањето е круцијално за функцијата на мозокот – без предвидување, нашето дејствување секогаш би доцнело, заради одложувањето во невролошкото процесирање. Сепак, има малку теории кои објаснуваат како нашиот мозок врши перцептивни предвидувања.

Научникот Дејвид Хигер нуди нова рамка со која ја објаснува оваа појава. Тој потенцира дека предвидувањето може да се основен принцип на кортикалната функција. Долго време е признаено дека мозокот врши вид на заклучоци, комбинирајќи сензорни информации со очекувања. Тој вели дека очекувањата можат да дојдат од одреден контекст, сеќавање или предвидување. Неговата нова теорија ги спојува сите нив заедно и ги формализира математички. Невронските мрежи во нашиот мозок интегрираат вид на модел од нашето опкружување, но немаме јасна слика за тоа како тие функционираат кога создаваат предвидувања, вели Хигер.

Теориите за функцијата на мозокот кои се користат во вештачката интелигенција употребуваат хиерархиска структура: сензорниот влез е на едниот крај и повеќе апстрактни репрезентации прогресивно се пресметани долж таа хиерархија. Но, ова не важи за способноста на мозокот да предвидува, бидејќи не објаснува како се повторува во претходните информации. Хигер смета дека можеби процесот во тој случај се одвива обратно – апстрактната репрезентација е на врвот на хиерархијата и се движи наназад од врвот до дното низ невронска мрежа, па генерира нешто како сензорно предвидување или очекување.

Хигер креира мешавина од заклучоци со предвидувања. Мозочната невронска мрежа може да процесира од сензорскиот влез до апстрактната репрезентација. Според теоријата на Хигер, таа може да генерира сензорско предвидување од апстрактна репрезентација, или да функционира во состојба која е мешавина од двете.

Неговата теорија може да послужи многу во полето на неврологијата и вештачката интелигенција.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука