X
 26.02.2021 Образование

„Букварот на Биби“ од денеска во продажба

Долгоочекуваниот буквар со омилените ликови од „Светот на Биби“ од денес е во продажба. Букварот, на кој посветено работеше авторскиот тим повеќе од една година, ќе биде достапен во сите продажни места на „Светот на Биби“. Автори на букварот се писателката за деца Билјана Црвенковска, илустраторот Тхе Мичо и дизајнерката Катарина Пренда. Тие создадоа нов модерен буквар преку кој децата ќе се запознаат со буквите, ќе научат да пишуваат, да читаат, да рецитираат песни и многу други активности. По долго време, ова е прв буквар создаден од македонски автори. Дополнителен мотив за учење за децата ќе бидат илустрациите од омилените ликови. Па така, тие ќе пишуваат, цртаат, рецитираат и ќе учат заедно со Биби, Боби и нивните другарчиња. Во очекување на Букварот, погледнете ја видеонајавата:



Букварот е дополнителен материјал кој родителите можат да го купат за децата да ги вежбаат буквите и да го учат јазикот. Ова е модерен буквар од македонски автори и во него има вежби за деца од 4 до 8 години. Така, „Букварот на Биби“ може да се користи подолго време - од претшколска возраст до трето одделение.

Букварот е достапен на електронската продавница www.svetotnabibi.mk како и во сите продажни места „Светот на Биби“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование