X
 26.02.2023 Наука

Најголемите месечини на Јупитер имаат 15 пати посветла аурора бореалис од Земјата

Гасниот џин Јупитер е познат по својата голема црвена дамка, бурите кои траат стотици години, но и по спектакуларната аурора бореалис предизвикана од интеракцијата на наелектризираните соларни честички и магнетното поле и атмосферата на Јупитер. Но, научниците откриле дека овој небесен спектакл може да се забележи доколку се набљудува небото над неговите најголеми месечини.

Причината за овие аурори е слична, само што кај Јупитер се работи за интеракција помеѓу магнетното поле на Јупитер и честичките во атмосферата на Месечината. Не било лесно да се детектираат овие слаби полови на светлина бидејќи сончевата светлина што се рефлектира од површините на Месечината ги покрива. Но, астрономите од Универзитетот во Бостон и Калтек со поддршка од НАСА ги набљудувале месечините додека влегувале во сенката на Јупитер.

Четирите месечини на Јупитер откриени од Галилео во 1610 година се нарекуваат Галилејски месечини. Тие се значително поголеми од сите други сателити на Јупитер и се видливи дури и со послаб телескоп.

За време на набљудувањето научниците откриле дека овие сателити имаат кислородни аурори во атмосферата, кои се со темноцрвена боја и речиси 15 пати посветли од зелените што ги гледаме на нашата планета.

- Едвај ги забележавме нивните поларни светлини и откривме дека се составени од молекуларен кислород, исто како оној што го дишеме овде на Земјата - вели астрономот Кетрин де Клер од Калтек.

Бидејќи овие небесни тела имаат многу потенки атмосфери од Земјата, кислородот таму свети во црвено и во инфрацрвени бранови должини невидливи за човечкото око.

Научниците веруваат дека месечините Европа, Калисто и Ганимед веројатно кријат океани под нивните ледени површини. Вселенските агенции сакаат таму да испратат вселенски летала во блиска иднина.

Нивната цел е да соберат што е можно повеќе податоци за составот на нивната атмосфера и површина и да се обидат да забележат индикации за можен живот под површината на сателитот, таканаречени биопотписи.

Извор: Universetoday.com
Фото: NASA
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука