Вториот слој од Земјината атмосфера - стратосферата - е дом на многу феномени што директно влијаат врз она што се случува на површината на Земјата. Исто така, стратосферата е дом и на озонскиот слој, кој ги апсорбира најголемиот дел од сончевите штетни ултравиолетови зраци. Може да повлече воздух, заедно со водена пареа, различни хемикалии и озон од регионите покрај екваторот, а потоа ги оттурнува кај половите на планетата.
Ова воздушно движење е исто така познато и како стратосферски циклус, а истражувачите од универзитетот МИТ првпат измериле колку е силна самата циркулација. Другите истражувачи што се обиделе да го измерат овој циклус често се фокусирале само на тоа колку брзо водената пареа се воздигнува од екваторот до стратосферата. Овој тим на научници користел поглобален пристап. Користеле две хемикалии кои служеле како маркери за следење на движењето на воздухот низ атмосферата.
Споредиле мерења од две хемикалии помеѓу 2007 и 2011 година и заклучиле дека на дел од воздухот му е потребна 1,5 година за да се движи низ стратосферата пред да се врати во долните атмосферски нивоа. На светско ниво, тимот открил дека стратосферата има способност да повлече 7 милијарди килограми воздух во секунда од екваторот, па до 20 километри височина.
Потребни се уште повеќе набљудувања за да се утврдат уште попрецизни мерења. Сепак, овие
откритија даваат голем придонес во начинот на кој ја разбираме формацијата на озон во стратосферата, како и за движењето и акумулацијата на стакленички гасови низ времето. Овие сознанија можеби ќе придонесат и за изнаоѓање мерки за емисиите на штетни гасови и климатските промени, воопшто.