X
 22.03.2016 Култура

Државата која затвора затвори поради недостиг на криминалци

Уште затвори ќе бидат затворени во следните години како што владата на Холандија ги намалува трошоците за одржување на стотици празни ќелии, изјавува Министерот за правда на Холандија, Ард ван дер Стор.


„Telegraaf“ открива дека владата планира да затвори пет затвори, со што ќе бидат загубени 1.900 работни места. 700 вработени ќе добијат „мобилни“ положби, иако сè уште не се знае значењето на оваа одлука. Намалениот тренд во криминалот, кој паднал за просечно 0,9% во последните години, значи празнење на 3.000 ќелии и 300 места за младински притвор во следните пет години.

Ван дер Стор изјавил дека судиите доделувале пократки казни, поради што криминалците поминуваат помалку време во ќелиите во просек. Освен тоа, сериозните криминални дела се сè поретки.

Изминатата година, Холандија донесе одлука за затворање 19 затвори, а тогаш беше изјавено дека нема да има дополнително затворање. Меѓутоа, Министерот за правда изјавил дека празните ќелии ја чинат државата премногу. Холандската влада оправдала дел од трошоците со примање затвореници од други земји.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура