Овогодишниот светски фестивал за архитектура од Амстердам ја објави новата светска градба на годината - титула што ја доби јавната библиотека во Холандија.
Јавната библиотека „ЛокХал“ во Тилбург е сместена во некогашен хармоничен хангар од 1932 година и го дели објектот со други уметнички организации, работни простории и лаборатории, создавајќи нов формат на библиотека и „социјален кондензатор“, според судискиот панел. Судиите изјавија дека особено го ценат начинот на кој библиотеката го користи најголемиот дел од оригиналната структура на хангарот, без да мора да гради нови структури.
- Импресивен е начинот на кој проектот трансформира значајна зграда која беше планирано да се руши - изјави панелот на судии.
На фестивалот беа доделени и други значајни награди, меѓу кои „Ентериер на годината“, „Пејзаж на годината“ и „Иден проект на годината“. Редизајнираната и модернизирана јапонска колонијална куќа во Тајпеј, Тајван, ја зеде наградата за најдобар ентериер, наградата „Пејзаж на годината“ беше доделена на друг источноазиски проект - јавниот простор „Јангпу Риверсајд“ во Шангај, Кина, кој го поврзува градот со крајбрежјето.
Наградата „Иден проект на годината“, односно она најдоброто од светската
архитектура што допрва треба да се заврши, отиде во „Конектед сити“ областа во близина на Хамбург, Германија. Откако ќе заврши, ќе биде мешавина од домови, бизнис и трговски центри, јавни згради и активности за рекреација.
Фотографии: ossip architectuurfotografie