За да препознаете лажго, игнорирајте сè освен нивото на детали во приказната, се вели во ново истражување.
Доколку личноста дава детални описи за чинителот, дејството, местото, начинот и причината, веројатно ја кажува вистината. Од друга страна, доколку не ги изнесе овие детали, лицето веројатно лаже.
Само овој едноставен тест може да ви помогне да препознаете лажго со точност од дури 80 отсто, велат истражувачи од Универзитетот во Амстердам.
Кога се обидуваме да препознаеме лажго, се фокусираме на неговите движења или емоции, но истражувањето покажало дека дури и професионалците обучени да препознаваат лаги не се успешни кога ги користат овие техники. Според истражувачите, екстремно е тешко да се следат сите сигнали и истовремено да се донесе точен заклучок за вистинитоста на изјавата.
Освен тоа, луѓето имаат стереотипи за изгледот и однесувањето на невините и виновните луѓе, па затоа може да направат грешки.
Затоа, врз основа на заклучоците од новото истражување, се препорачува фокусирање само на нивото на детали во приказната, притоа игнорирајќи ги другите фактори.
Тестовите покажале дека кога се фокусираат само на деталите во приказната, луѓето може да препознаат лага со точност од 59 до 79 отсто.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Freepik