X
 08.01.2015 Здравје

Најголемата лага за здравјето во историјата

Нова Година, нови навики, не? Штотуку влеговме во 2015 година, а поголемиот дел од нас веќе имаат сериозни планови за подобрување на здравјето. Пред сè, потребно е целосно чистење.


Сте ги виделе рекламите за детоксикација и чистење. Додатоци во исхраната, чаеви, кафиња и други производи кои ветуваат чистење на телото. Дури и во аптеката ќе најдете полно вакви производи. Но, има нешто многу важно што производителите на овие производи не го кажуваат.

„Детоксикацијата“ не постои

Детоксикација е медицински термин кој бил претворен во маркетинг стратегија. Сето тоа за „лекување“ на непостоечка состојба. Вистинската детоксикација не се нарачува од мени или преку телефон. Вистинската детоксикација се прави во болница, во услови кои може да бидат опасни за животот. Таа обично се прави кога во телото има опасно ниво на дрога, алкохол или други отрови.

Има причина поради која потпаѓаме на маркетиншките трикови за детоксикација. Ние сме создадени за да веруваме во идеи кои прават магични работи. Ритуалите за чистење постојат од најраните историски записи. Идејата дека се труеме на еден или друг начин и дека ни е потребно чистење се чини дека е дел од човековата природа.

Но, науката покажала дека детоксикацијата не може да го „исчисти“ нашето тело од сè, како што сакаме да веруваме, уште во 1900-те. Сепак, терминот постои и денес, со таа разлика што денес се користи за продавање бескорисни производи и услуги.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје