Ова е реалноста за најсреќните нации на континентот.
Финска
Финците се најсреќна нација на светот неколку години по ред според Светскиот извештај за среќа, годишно истражување кое ги меша податоците за очекуваниот животен век и БДП со перцепциите на жителите за дарежливост и слобода. Сепак, новите податоци од Организацијата за економска соработка и развој, исто така, покажуваат дека употребата на антидепресиви во земјата се зголемила за 18 отсто во изминатата деценија. Се верува дека околу 9 отсто од Финците страдаат од депресија.
Велика Британија
Употребата на антидепресиви е двојно зголемена во текот на последната деценија во оваа земја, која е рангирана на 17. место меѓу најсреќните во светот. Истражувачите посочуваат дека дел од зголемувањето може да се припише на подобреното препознавање на депресијата, достапноста на нови лекови, промените во ставовите на пациентите/лекарите, достапноста на терапии. Пандемијата, исто така, може да игра голема улога: распространетоста на депресијата во 2020 година беше речиси двојно поголема отколку пред ковид.
Фото: Freepik
Франција
Франција беше оценета како 20. најсреќна земја во светот во 2022 година, со околу 7,7 отсто од луѓето кои пријавиле хронична депресија. Преваленцијата на депресијата се удвои во Франција од ковид-пандемијата. Во текот на изминатите 20 години потрошувачката на антидепресиви се зголеми за 38 отсто во Франција, што е најмал пораст регистриран меѓу 18. земји наведени од ОЕЦД.
Португалија
Португалија е рангирана на изненадувачки ниско 56. место според Светскиот извештај за среќа во светот за 2022 година. Чудно е затоа што истражувањето од американската туристичка компанија „Ајвиса“ штотуку го прогласи Лисабон за најсреќен град во светот. Португалија имаше трета најниска стапка на самоубиства од 50. земји вклучени во извештајот, но забележа зголемување од 304 отсто во употребата на антидепресиви помеѓу 2000 и 2020 година, при што антидепресивните лекови сочинуваат 4 отсто од целата фармацевтска продажба.
Шпанија
Барселона (2. место) и Мадрид (6. место) се рангирани високо на листата со најсреќни градови во светот, но Шпанија се најде на 29. место во извештајот за најсреќни земји, под 16 други европски нации. Населението троши 607 милиони eвра на антидепресиви секоја година - втор највисок вкупен износ во Европа - и употребата се зголеми за 42 отсто во текот на изминатата деценија.
Германија
Релативно висок процент од Германците - 11,6 отсто - велат дека страдаат од хронична депресија, а употребата на антидепресиви се зголемила за 200 отсто во текот на 20 години и за 33 отсто во изминатата деценија. Просечната употреба е 62 на секои 1.000 луѓе кои земаат дефинирана дневна доза (ДДД), а во 2020 година Германците потрошиле 757 милиони евра на антидепресиви, што ја прави земја на прво место по трошење на овие лекови.
Исланд
Исланд, трета најсреќна земја во светот во 2022 година, исто така има највисока стапка на употреба на антидепресиви и најголем број луѓе кои пријавиле хронична депресија - загрижувачки 15,6 отсто од населението. Употребата на антидепресиви се зголемила за 118 отсто помеѓу 2000 и 2020 година. Антидепресивите сочинуваат 2,8 отсто од вкупната фармацевтска продажба.
Шведска
Рангирана на седмото место во Светскиот извештај за среќа, Шведска сè уште е четврта по употреба на антидепресиви. Сепак, според податоците од Светскиот извештај за среќа, стапката на самоубиства во земјата во текот на 60-тите највисока во развиениот свет, реагира на владината интервенција во услугите за социјална заштита и ментално здравје. Во 2019 година Шведска имаше 14,7 самоубиства на 100.000 луѓе, што ја става на 28. место од 50 земји што ги проучува Светскиот извештај за среќа.
Фото: Freepik
Данска
Во Данска за 4 отсто се намали трендот на зголемена употреба на антидепресиви во Европа. Домот на „хиге“, уметноста на создавање топла атмосфера и уживање во добрите работи во животот со добри луѓе, е единствената европска земја што забележа пад во тој период, и покрај тоа што околу 10 отсто од населението изјавија дека страдаат од хронична депресија. Данска е рангирана на второ место во Светскиот извештај за среќа, а антидепресивите учествуваат со само 1,1 отсто од вкупната продажба на фармацевтски производи.
Чешка
Употребата на антидепресиви се зголеми за неверојатни 577 отсто помеѓу 2000 и 2020 година. Но, зголемувањето забави со текот на годините, со пораст од само 58 отсто помеѓу 2010 и 2020 година. Чешка е 18. најсреќна земја во светот, но експертите забележуваат дека не постои јасна корелација помеѓу нивото на пријавена среќа кај луѓето и консумацијата на антидепресиви.
Извор:
Theneweuropean.co.uk
Фото: Freepik