X
 26.05.2017 Наука

Знаци кои покажуваат дека сте поинтелигентни од просечна личност

Како да дознаете дали сте попаметни од луѓето со просечна интелигенција? Ова се неколку знаци кои ќе ви помогнат да откриете дали се издвојувате од просечните луѓе.

1. Политички либералец

Истражување од 2010 година открива дека „доста конзервативните“ млади луѓе во просек имаат IQ 95, додека оние кои се либералци имаат IQ 106.

2. Анксиозност

Луѓето со висока интелигенција се повеќе склони кон анксиозност. Едно истражување вели дека причината позади ова е грижата за условите кои би можеле да ги загрозат луѓето, со што анксиозноста се претвора во карактеристика за преживување.

3. Нарушувања на менталното здравје

Истражувањата на психолозите велат дека високата интелигенција во деството е поврзана со карактеристики како биполарно нарушување кај младите и други нарушувања на расположението.

4. Доверба

Анализа од истражувања од Америка откриваат дека поинтелигентните луѓе имаат повеќе доверба и се посреќни и поздрави.

5. Осаменост

Истражувањата откриваат дека колку повеќе интелигентните луѓе се социјализираат со пријателите, толку повеќе опаѓа нивното животно задоволство - спротивно на она што луѓето вообичаено го очекуваат. Се чини дека на паметните луѓе им е потребно повеќе време сами.

6. Мрзеливост


Бил Гејтс, во една прилика изјавил: „Секогаш ќе изберам мрзелива личност за тешка работа, затоа што ќе пронајде начин за полесно да ја заврши“. Постои поголема веројатност мрзеливите луѓе да уживаат во сопствените мисли.

7. Ноќни птици

Истражувањата направени врз адолесценти откриваат дека најпаметните меѓу нив легнуваат доцна навечер и се будат подоцна. Не е јасно како е ова возможно, со оглед на тоа што поголемиот дел од успешните луѓе стануваат рано. Можеби затоа што успехот нема врска со интелигенцијата?

8. Извртена смисла за хумор

Ако сакате црн хумор тогаш голема е веројатноста да сте високо интелигентна личност. Неодамнешно истражување од Универзитетот во Виена открива дека црниот хумор е поврзан со високата интелигенција, идентификувајќи го сфаќањето на темните шеги како комплексна информација и процесирачка задача.

9. Креативност

Исто така, интелигентните луѓе имаат голема верјатност да го отфрлат суеверието и да креираат нови идеи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука