X
 11.02.2016 Образование

Каде исчезнаа оние прекрасни човечки квалитети кои ги имаа нашите дедовци и прадедовци?

Каде исчезнаа оние прекрасни човечки квалитети кои ги поседуваа нашите дедовци и прадедовци? Каде е чесниот збор и достоинството? Како еден маж воопшто може да се нарече маж ако не е џентлмен, ако неговиот збор не значи ништо, ако му фали достоинственост?Како една жена може да се нарече жена ако плука на улица и ако пцуе како кочијаш?

Кога децата престанавме да ги учиме авторитет, убаво однесување, трпение, чекање во ред, велење извини, молам и благодарам? Каков свет очекуваме ако и самите не го цениме однесувањето кое порано се нарекуваше човечко, културно, нормално?

Зар треба да се срамам од мојата насмевка, добрите манири, искреноста и чистотата на душата? Зар треба да се менувам за да се вклопам? Дали ќе ме цените по изгледот, по телото, по убавината на лицето, или по она што ми е во главата и по она што излегува од мојата уста? Дали ќе се распрашувате колку сум успешна, позната, „голема“, пред да ги послушате моите зборови? Дали ќе ви биде важно колку заработувам и каков автомобил возам, каква ми е гардеробата и колку е модерен мојот мобилен телефон? Или ќе ме цените по тоа што упорно се обидувам да го живеам својот живот според највисоките морални принципи?

Кога ќе стане повторно модерно луѓето да си помагаат без никакви очекувања и задни намери? Кога повторно ќе се цени она што се работни, вредни, чесни; оние паметните, добродушните, фините? Колку од вас има такви? Дали ги цените овие луѓе? Или повеќе гледате да возат „бесен“ автомобил и да имаат недвижен имот и останатите извори на богатство за кои никој не знае како стигнале? Дали замижувате на нивното однесување, бескрупулозно газење на се` и сешто пред себе само за да се во високото друштво или од таквите да добијате плата, да позајмувате пари? А оној кутар човек кој работи во фабрика и чесно си го заработува лебот, него му го вртите грбот бидејќи нема ништо освен себеси?

Слободно објаснете ако мислите да го промените светот околу вас додека не започнете во луѓето да ги цените карактеристиките кои секоја личност, секоја држава, секој континент во секое време ја прават подобра? Карактеристиките како почитување, верност, искреност, трпение, смиреност, праведност, човечност, чесност, мирољубивост, моралност, колегијалност, великодушност, нежност, сочувство, братска љубов и многу други. Карактеристики кои човек го прават човек.

Тогаш, кога ќе започнеме да се однесуваме убаво, да се согласуваме, да се сакаме, да си помагаме, без оглед на статусот, финансиската состојба и униформите кои ги носиме, тогаш конечно ќе го видиме светлото на крајот од тунелот. Тогаш ќе имаме шанси да доживееме некој помирен, повесел, поубав свет. Се залажувате ако верувате дека е различно. Лошото не може да донесе добро. Расправијата не може да донесе мир. Лошиот збор не може да донесе слога. Сопкањето не може да ви донесе успех. Некој ве излажал ако ве убедил во тоа. Така светот не функционира. Можеби вашиот свет моментално така функционира, но тоа е минливо. Останува само квалитетот. Доброто и љубовта секогаш победуваат. Чесниот човек секогаш опстанува, додека лошите луѓе кратко траат.

Кога ќе започнете да ги бојкотирате мафијашите и криминалците? Кога ќе започнете да му обрнувате внимание на оној човек со валкани, груби раце, со црно под ноктите, кој со пот се обидува да си го заработи лебот? Овој човек попрво ќе ви помогне отколку тој полу-човек со црна, валкана и затруена душа.

Разбуди се обичен човеку. Сите околу тебе се обични. Најслатко е да се биде обичен човек, вреден, работлив, чесен, кој има чиста свест, љубов кон најблиските, опкружен со вистински пријатели. Обрнете внимание на оние кои се слични на вас, помогнете им да пливаат, па ќе испливаш и ти заедно со нив.

Започни да ги цениш вистинските работи!

 

Автор: Бојана Чупиќ / Konkretno.co.rs

Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование