X
 26.05.2019 Живот

Од смрт на пациент до немање време да се оди во тоалет - најтешките делови од работата на болничарите

Работењето како медицинска сестра не е лесно. Тоа е една од најстресните работи.

Многу болничари се согласуваат дека губењето пациент е можеби најболното нешто во работата. Други проблеми се и работењето во смени, како и немањето време да се оди во тоалет. Еве некои од најтешките работи поврзани со работењето како медицинска сестра.

Гледањето на смртта на пациентите

Повеќето медицински сестри велат дека смртта на пациентите е најтешкиот дел од нивната работа.

- Гледањето на смртта на пациентите за кои сте се грижеле и колку е тоа уништувачко за фамилијата, е најтешкиот дел од работата - вели Мелиса, медицинска сестра од Оклахома, САД.

Долгите и напорни смени

Најтешкиот дел од работењето како сестра за Бет, медицинска сестра од Висконсин, е целосната ментална, емоционална и физичка исцрпеност на крајот од смената.



Фото: Pexels

Недостиг на почит од другите луѓе

Лесли од Флорида вели дека најтешкиот дел од нејзината работа е недостигот на почит и вербалното и физичкото малтретирање од фамилиите, менаџментот и колегите медицински работници.

Принуденоста да се справуваат со политиките на болницата

- Професијата медицинска сестра стана повеќе политика. Не е само за помагање на луѓе, туку и за профит. Здравството не треба да биде за профит - вели Мајте, медицинска сестра од Ајова.

Тереза од Орегон исто така вели дека најтешкиот дел од нејзината работа е тоа што нема глас во систем кој ги смета сестрите за несреќен трошок наместо за есенцијални негуватели.

Немањето време ни да се оди до тоалет

Челси, сестра од Илиноис, вели дека некогаш нема време да оди до тоалет во текот на целата 12-часовна смена. Ејми од Тексас го има истиот проблем. Таа вели дека најтешкиот дел од нејзината работа е трчањето наоколу и грижата за пациентите без да оди до тоалет цела смена.



Фото: Pexels

Користењето застарена технологија

Џес, сестра од Тексас, вели дека најтешкиот дел од нејзината работа е тоа што мора да се справува со технологија со која не можат да им укажат нега на пациентите.

Кога пациентите и нивните фамилии мислат дека знаат повеќе од сестрата

- Најтешко е кога пациентите и нивните блиски го испитуваат секој чекор што ќе го направите или мислат дека нивното брзо пребарување на „Гугл“ ги прави експерт како мене - вели неименувана сестра од Пенсилванија.

Нат, сестра од Масачусетс, исто така се фрустрира кога нејзините пациенти се потпираат на интернетот за медицински совети.

- Не знаев дека „Гугл“ има лиценца за медицинска нега - вели таа.

Работењето во викенди и празници

Според Бетси, сестра од Флорида, работењето на празници е најтешкиот дел. Различните смени, празниците и викендите може да ја направат работата исцрпувачка, велат сестрите.

Притисокот да знаете сѐ


- Не знаеме сѐ, но за она што не го знаеме бараме информации базирани на докази и се едуцираме - вели Нат.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот