X
 28.06.2017 Живот

По примерот на Чарлс Дарвин и Чарлс Дикенс: зошто помалку работа значи поголема продуктивност?

Секој има различни амбиции: некои сакаат да уживаат малку, други се стремат да имаат поголеми достигнувања кои ќе бидат од корист на целото човештво. Ако размислите за втората категорија луѓе, можеби на ум ќе Ви дојде Чарлс Дарвин, барем во смисла на работата што ја направил како натуралист, како и на теоријата на еволуцијата.

Но ако стане збор за неговиот просечен работен ден, ќе се изненадите кога ќе дознаете дека тој не работел многу, или барем не колку просечниот Европеец денес. По утринската прошетка и појадок, почнувал да работи околу 8 во траење од час до час и половина. Потоа читал и одговарал писма, а во 10.30 се зафаќал со посериозни работи како експерименти. До пладне веќе бил задоволен со тоа како се одвива неговиот ден и пешачел долго, па следела пладневна дремка, па друга прошетка, се враќал на работата, вечерал и легнувал до 10.30. Со овој распоред успеал да напише 19 книги.

Друг плоден викторијански англичанец кој е пример за ефективноста на пократкиот работен ден е Чарлс Дикенс. Освен неуморното пишување писма и кампањите за социјални реформи, тој успеал да напише стотици кратки приказни и статии, пет новели и петнаесет романи. Тој работел од 9 до 14 часот со пауза за ручек. Сѐ на сѐ неговиот работен ден траел пет часа.

Алекс Сојунг-Ким Панг е истражувач кој испитува дали навистина пократкиот работен ден е поефективен. Дури и кога уживате во работата и можете да работите долго, веројатно е дека ќе грешите повеќе кога сте уморни. Секако, ако сакате да имате резултати, истражувањата покажуваат дека е потребно да се држите до одреден распоред.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот