Истражувачи од американската вселенска агенција НАСА претпоставуваат дека откриле траги од органски соли на површината на Марс. Ова би ја докажало хипотезата дека на Марс некогаш имало живот, доколку откритието биде потврдено.
Истражувачите претпоставуваат дека солите се остатоци од органски соединенија кои теоретски би овозможиле постоење на живи организми. Сепак, истражувачите работат со ограничени ресурси кои им го отежнуваат потврдувањето на хипотезата.
Во овој случај тие користеле два инструменти од роверот „Кјуриосити“. Првиот инструмент собира примероци и го анализира нивниот состав, а со него било направено откритието. Сепак, вториот инструмент на роверот треба да го потврди откритието.
Главниот автор на истражувањето, Џејмс Луис, изјавил дека станува збор за остатоци кои можеби се стари милијарди години.
Конечно, откритието би требало да се потврди со алатки што ги нема на роверот, туку само на Земјата.
Автор: Ден Робитски
Извор:
futurism.com
Фото:
NASA