X
 26.05.2023 Живот

Ќе се организира фестивал за самци

Излегувањето сами или со некој пар не е најзабавно искуство. Затоа, брендот „Пер“ (Pear) летово сака да му стави крај на ова со организирањето на најголемиот фестивал за самци.

Таканаречениот „Пер фест“ (PearFest) ќе се одржи во јули во Лондон. Точниот датум и настапувачите не се објавени, но фестивалот на одреден начин ќе биде социјален експеримент.

Компанијата „Пер“ на своите корисници им помага да најдат партнер организирајќи разни настани во живо со други самци наместо да поттикнува онлајн комуникација. Компанијата има речиси еден милион претплатници од повеќе земји во светот кои плаќаат еднократна сума од 20 фунти за да станат дел од платформата. За да го покажат членството, корисниците носат прстен со кој се идентификуваат како самци.


Извор: Idesh
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот