X
 02.08.2020 Живот

Лондонските улици за време на карантинот беа потивки отколку во 1928 година

Снимките од лондонските тивки улици за време на карантинот ќе станат дел од колекцијата на Музејот на Лондон.

Овие звучни записи ќе бидат зачувани во проектот што го документира искуството со пандемијата и ќе бидат достапни онлајн заедно со оние што во 1928 година биле снимени на истите улици. Интересно е тоа што снимките од 2020 година за време на карантинот покажуваат дека улиците беа потивки од пред речиси еден век.

Звучните записи од лондонските улици од 1928 годјна, што се јавно достапни на веб-страницата на музејот, биле направени поради револотот од големата врева создадена од сообраќајот. Кампањата против вревата, што ја ширел весникот „Дејли мејл“, ги истакнувала иритантните и непотребните звуци и го критикувала чкрипењето и гласното забрзување на спортските автомобили во лондонскиот Вест Енд.

Весникот, кој ги направил снимките заедно со „Колумбија Графофон Компани“, предупредувал дека пациентите во болницата не можат да заспијат поради постојаните звуци на мороти, свирења и ѕвончиња.

Снимките од 1928 година објавени од Музејот во Лондон вклучуваат и коментари за автобусите и звуците што ги испуштаат другите моторни возила, заедно со кочиите што ги влечат коњите.

Во споредба со нив, снимките од мај 2020 година од локации како Пикадили, Бромптон роуд и Леман стрит сведочат за пусти улици за време на карантинот. И понатаму се слушаат автомобили, но нивниот звук може да се издвои, со паузи на тишина помеѓу поминувањето на автомобилите.

ulici
Фото: Museum of London

Звуците, забележани од инженери за звуци од „Стринг едн тинс“, докажуваат дека дури и во празен град постои врева во позадина. Тивката врева и тоа што не прелетуваа авиони над градот станаа едно од главните обележја на карантинот, а многумина сметаат дека тоа го означува враќањето на потивки времиња.

Но, потивкото време не се однесува на 1928 година, судејќи по записите од музејот. Во исечоци од снимките може да се слушне како коментатор, поранешен офицер на морнарница, го истакнува проблемот на сирените и колку е тешко да се премине улица. Иако помалку луѓе имале автомобили во текот на 20-тите години, самото возење било поопасно.

Првите официјални податоци за стапката на смртноста од 1926 покажуваат дека во сообраќајна несреќа починале 4.900 луѓе, што е многу повеќе во однос на 2019 година кога во сообраќајна несреќа животот го изгубиле 1.900 луѓе.

Фотеини Аравани, куратор од Музејот во Лондон, вели дека записите од 1928 година биле направени кога ефектите од загадувањето со вревата во централен Лондон само што почнале да се сфаќаат. Еден век подоцна, предизвик е да се забележи отсуство на вревата, што стана главен аспект на Лондон во карантин.

- Почувствувавме дека е наша одговорност да ги забележиме овие ретки и значајни моменти, не само како контраст на минатото, туку и за да направиме снимки од тивките лондонски улици за идните генерации - вели Аравани.

Или, како што „Дејли мејл“ напишал во 1928 година: - Толку сме навикнати на постојана врева околу нас, што многу од нас не успеваат да го ценат она за кое нашите сиромашни мозоци се повикани да го издржат.

Извор: BBC
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот