Седма година по ред, блогот за патувања „Кепчр д атлас“ ја прославува нашата галаксија со својата колекција на фотографии од натпреварот „Фотограф на годината на Млечниот Пат“.
Овие фотографии од Млечниот Пат се издвоени како исклучителни примери на астрофотографија и се погледи кон Млечниот Пат кои предизвикуваат страхопочит.
Фотографиите, направени во 15 различни земји, беа избрани од повеќе од 5.000 фотографии поднесени годинава.
Конечниот избор не само што е убав, туку е и инспиративен. Од оддалечените локации во Патагонија до снежните Алпи во Словенија, фотографиите демонстрираат како креативните фотографи „комуницираат“ со Млечниот Пат.
Во продолжение погледнете ги најдобрите фотографии.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: John Rutter