X
 27.05.2024 Живот

Цветната полна Месечина низ објективот на фотографите од целиот свет

Мајската полна Месечина, позната и како „цветна Месечина“, во четвртокот се издигна покрај Антарес, црвена суперџиновска ѕвезда во соѕвездието Скорпија.

Петтата полна Месечина во 2024 година и последната за ова годишно време се нарекува и „млечна Месечина“ или „Месечина на зајакот“. Оваа полна месечина го красеше небото по зајдисонце, издигнувајќи се на исток.

Во продолжение е избор од најдобрите и највпечатливи фотографии од полната Месечина од целиот свет.

Следната полна Месечина ќе се издигне на небото на 21 јуни, само еден ден по јунската краткоденица. Ова ќе биде шестата полна Месечина за 2024 година, а позната е и под името „јагода-Месечина“.









Извор: Forbes.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот