Дали некогаш сте добиле голем пакет завиткан во фолија за пакување со меурчиња и веднаш сте започнале да ги пукате меурчињата? Не сте единствени. Повеќето од луѓето уживаат во ова.
Научните истражување велат дека активностите како пукање меури на фолија, чкртање на хартија или мрдање на ногата при седење се начини за намалување на стресот.
Ваквите активности помагаат подобро да внимавате и да процесирате податоци, покажува истражување. Луѓето се чувствуваат подобро по пукање на меурчиња и се помирни по оваа активност, па затоа обрнуваат поголемо внимание и подобро го помнат она што ќе го научат.
Фото: Pexels
Експертите исто така велат и дека оваа активност можеби е поврзана со човечката еволуција. Луѓето од одамна морале да прават нешто со прстите за да бидат подготвени да избегаат во случај на опасност.
Денес, многу време поминуваме седејќи, па затоа мускулите на прстите не се движат доволно, а пукањето на меурчињата ги опушта овие мускули, со што се намалува стресот а понекогаш и се поттикнува лачење на допамин, кој игра улога во мотивацијата и учењето.
Извор:
TIP