X
 04.07.2023 Живот

Туристите го одбраа најубавиот грчки остров

Кефалонија, најголемиот од јонските острови, со планини во боја на смарагд, прекрасни заливи и подземни езера, неодамна беше прогласен за најдобар грчки остров од порталот „Вич?“ (Wich?).

Порталот побарал од повеќе од 1.000 посетители да ги оценат 10. најпознати грчки острови врз основа на повеќе фактори, како плажите, атракциите, пејзажите и вредноста за парите. Кефалонија е единствениот остров што добил пет ѕвезди во категоријата мир и тишина, со 85 отсто од вкупните гласови.



Грчкиот остров има богата историја и долга културна традиција. Зеленилото на неговите планини се спојува со синилото на водата, правејќи го навистина уникатна и посакувана дестинација.

Најголемиот град на островот е Аргостоли. Тоа е град изграден околу рид, со градски живот исполнет со секакви разоноди: продавници, кафулиња, барови и плажи. Иако Аргостоли бил целосно уништен во земјотрес во 1953 година, сè уште има локации што покажуваат стара венецијанска архитектура.



Кефалонија ги има едни од најубавите плажи во Грција, а најпозната е Миртос, која редовно се наоѓа на листите со најубави плажи во светот.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот