Шпанија и официјално ги има најубавите плажи во светот со оглед на тоа што минатата година стана побогата за дополнителни 11 плажи што имаат сино знаменце.
Шпанија дефинитивно е светски лидер кога станува збор за квалитетот на плажите и има дури 696 плажи со сини знамиња.
Грција, Франција, Турција и Португалија се наоѓаат зад Шпанија на оваа листа.
Фото: Wikipedia
Но, што значи синото знаменце?
Плажа со сино знаме е морска или езерска/речна рекреациска плажа која ги исполнува строгите услови за време на целата претходна капачка сезона. Статусот на сино знаме се применува исто така и на марини. Секоја година на плажи и марини што ги исполнуваат строгите меѓународни стандарди со 33 критериуми им се доделуваат сини
знаменца.