X
 26.06.2025 Живот

Сега можете да купите цело „село“ во Британија за 833.000 евра, но постои замка

Може да изгледа како неверојатна зделка: цело село за 833.000 евра на јужниот брег на Корнвол во Обединетото Кралство. Но, постои една „мала“ замка. Не станува збор за вистинско село, туку за детален модел изработен во размер 1:24.

Макетата претставува верна реплика на рибарското село Полперо, направена уште во 50-тите години. Таа опфаќа плажа, црква, десетици куќи и продавници, па дури и минијатурна макета во самата макета. Сѐ е изведено со извонредна прецизност. Може да се видат едрилици на морето и дури и малечки жители.

Во рамките на селото има и модел на железничка пруга, како и дел наречен „Земјата на легендите“ со сцени од локалниот фолклор, приказни за пирати и шверцери од 19 век.

Оваа минијатура е вистинска туристичка атракција која ја посетуваат илјадници луѓе секоја година. Влезницата чини 4 фунти за возрасни, 3,5 фунти за пензионери и 3 фунти за деца.

Во цената е вклучена и вистинска куќа со три соби, две бањи и тераса, лоцирана во центарот на Полперо токму таму каде што е сместена макетата.

 

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Welcometolooe
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот