X
 18.10.2022 Живот

Единствената земја каде што беше забрането пушењето го укинува тој закон

Бутан е единствената земја во светот каде што продажбата и производството на тутун се забранети, но тоа се промени поради коронавирусот.

Се разбира, ниту една земја во светот не го поттикнува пушењето. Но, кога пушењето не се препорачува во развиените земји, но е дозволено, како тоа мала традиционална земја може целосно да го забрани пушењето?

Сместено помеѓу Кина и Индија, хималајското кралство Бутан е земја за која се зборува и поради оваа занимливост. Имено, според Законот за контрола на тутунот во Бутан од 2010 година, пушењето е забрането со закон во оваа земја. Сепак, дозволено ви е да однесете одреден број цигари во земјата, а хотелите и неколку затворени барови имаат соби за пушење.

Законот, донесен на 16 јуни 2010 година, забранува пушење и употреба на тутун во каква било форма на јавни места како што се улици, паркови, хотели, ресторани, трговски центри, киносали итн. Јавниот превоз исто така е зона за непушачи.

Законот не само што забранува употреба на тутунските производи, туку забранува и нивно производство, берба и продажба во Бутан. Никој не смее да произведува вакви производи, а тој што ќе биде фатен како употребува или продава, се соочува со казна затвор од три до пет години.

Сепак, Владата има моќ да одреди зона за пушење на одредени јавни места. Хотелите, баровите и рестораните можат да имаат и посебен простор за пушење каде што луѓето ќе можат да пушат.

Цигарите дозволени поради коронавирусот


Кога Бутан ја затвори границата со Индија минатата година поради пандемијата, цената на тутунот што се продава нелегално се зголеми за четирипати, бидејќи на трговците кои нелегално продавале тутун им било потешко да влезат во земјата. Но, сè се смени на 12 август кога работник од Бутан бил позитивен на ковид.

Ова ја поттикна Владата на премиерот Лотај Тшеринг, квалификуван лекар кој сè уште работи за време на викендите, да го разгледа овој навистина „напреден закон“. Неговата администрација ја укина децениската забрана за продажба на тутун за да ја намали побарувачката на шверцувани цигари и, теоретски, да го намали ризикот од прекуграничен пренос на коронавирусот.

Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот