X
 26.07.2021 Живот

Крсте Петков Мисирков: „Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сѐ друго на светов“

Крсте Петков Мисирков - кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво - е роден на 18 ноември 1874 година во Постол, денешна Грција.

Тој е автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот XX век.

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност, тој се занимавал и со превод на книжевни дела и собирање на народни творби.

„Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште“ - Крсте Петков Мисирков „Самоопределувањето на Македонците“, објавен во весникот „Мир“ на 25 март 1925 год.

Мисирков починал на 26 јули 1926 година.

Извор: Википедија; documents-mk.blogspot

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот