X
 18.10.2021 Култура

Денеска почнуваат Отворени денови на Институтот за македонски јазик

Денеска почнува манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Институтот ги покани сите што сакаат да ја почувствуваат атмосферата на научната мисла за одржување и чување на македонскиот јазик на манифестацијата, која ќе трае до 22 октомври.

На манифестацијата ќе бидат одбележани 95 години од смртта на Мисирков, 100 години од раѓањето на Блаже Конески, 100 години од раѓањето на Благоја Корубин и 30 години македонска независност.

Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на Институтот. Поздравни обраќања ќе имаат директорка на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, и првиот претседавач на Собранието на независна Македонија во 1991 година, Никола Стојановски.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура