X
 26.08.2017 Култура

Десет професии што не постоеја пред 10 години

Во 2006 година, „Фејсбук“ беше во пелени, а „Твитер“ беше во фаза на креирање, а никој немаше ајфон. Десет години подоцна, светот многу се измени, а со тоа и професиите.

Сега постојат професии за кои немавме слушнато пред десет години. Некои предвидувања покажуваат дека 65 % од децата кои денес тргнуваат во прво одделение, ќа работат потполно нови видови работи кои сè уште не постојат.

Ова темпо на промени само ќе се забрзува, благодарение на забрзаниот развој на роботиката, автоматизираните возила, вештачката интелигенција, биотехнологијата, генетиката – ценејќи според најновиот индекс на човечки капитал на Светскиот економски форум.

Ова е листата на 10-те професии кои не постоеја пред 10 години:

Девелопер на апликации


Ајфонот се појави во 2007 година, а набрзо потоа и Андроидот, а денес  речиси половина од возрасната светска популација поседува паметен телефон. Тоа предизвика голема потреба од апликации: во јули 2015 година „Гугл плеј“ за андроиди имаше 1,6 милиони апликации, а „Еп“ за  „Епл“ – 1,5 милиони, што резултираше во зголемен пазар на труд за дивелоперите на апликации.

Менаџер на социјални мрежи


Во 2006 година, немаше потреба за вакви експерти, затоа што повеќето платформи беа во рана фаза од развојот. Денес „Фејсбук“ има повеќе од 1,5 милијарди корисници ширум светот, и заедно со другите платформи како „Твитер“ и „Инстаграм“, стана незаобиколна маркетиншка алатка преку која брендовите се поврзуваат со потрошувачите.

Возач на Убер-такси

Такси компанијата која функционира преку апликаци е основана во 2009 година, но во меѓувреме толку многу се разви, што денес е највредната стартап компанија која „тежи“ 62 милијарди долари. Во 2015 година, Убер го удвои бројот на активни возачи на својата американска платформа, а компанијата најави нови услуги во градовите ширум светот. Меѓутоа, се чини дека во не така далечна иднина, возачите на Убер би можеле да заминат во историјата, затоа што компанијата „им фрли око“ на автономните автомобили.

Инженери за автомобили без возачи

Додека автомобилите без возачи би можеле да ги остават таксистите и добавувачите без работа, од друга страна во тој бизнис се отвораат нови можности. Автомобилите без возачи не ќе можат самите да се поправаат, така што ќе има повисока потреба од инженери, механичари и програмери во блиска иднина.

Специјалисти за „клауд“ компјутерство

Пред десет години некој да ви кажеше дека работи во „клауд“, сигурно би сте се прашале за што станува збор.Тој термин се појави на конференцијата во 2006 година кога Ерик Шмит го опиша пристапот за програмирање на „Гугл“ како „клауд компјутерство“. Денес, повеќе од половина американски компании го користат истиот пристап, па управувањето и инженерингот со префикс „клауд“ станаа полноправни професии.

Аналитичар за големи количества податоци (Big data analyst / data scientist)


Со растечките количества податоци, со стапка на пораст од 40 % годишно, не е чудно што луѓето кои знаат да ги анализираат и да ги обработат тие податоци,  денес се многу барани на пазарот.

Менаџер за одржливост

Деновиве одржливоста станува сè поважна за организациите. Дури и компаниите кои не работат во „зелениот“ сектор ангажираат луѓе да им помогнат што поефикасно да ги користат своите ресурси и да донесуваат одлуки со кои нема да ја загрозат животната средина.

Креатори на содржини за „Јутјуб“

Благодарение на „Јутјуб“ и другите платформи за споделување на видео-материјали, „видео-блогинг“ и „влогинг“ сега претставуваат сериозно перспективни професии, со кои се знимаваат ѕвездите на „Јутјуб“ кои привлекуваат милиони долари преку рекламирање, управување со социјални мрежи и спонзорски договори.

Оператор на дрон

Глобалниот пазар за беспилотни летала брзо расте, создавајќи деловни можности за операторите на дронови.

Експерти за милениумската генерација

Во 2006 година, мнозинството милениумци сè уште беа во школо. Десет години подоцна, тие чинат значаен дел од работната сила. Експертите за милениумската генерација им помагаат на компаниите да ја разберат вредноста и очекувањата на своите најмлади работници и како да се постават кон нив.

Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура