Нацртот за сценариото од последната епизода на „Игра на тронови“, некако успеа да се појави на интернет.
Деталниот преглед за секоја епизода од седмата сезона, вклучувајќи го и финалето, наменет за внатрешна употреба, бил поставен на „Редит“, а очигледно потекнува од „НВО“ хакерот.
За да ги добијат деталите, корисниците требало само да прашаат.
„Хакерот го постави неговиот мејл на веб-страницата, па јас му испратив мејл, и тој ми го испрати комплетниот преглед од седмата сезона“, пишува еден корисник на „Редит“.
Деталниот преглед, околу 20 страници, исто така било испратен и до веб-страницата на „Индипендент“ од страна на човек што тврдел дека му припаѓа на таканаречената Г-дин Смит група што стои позади хакирањето, заедно со краток преглед на епизодите. „
Индипендент“ одлучи да не ги објави.